Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Бран средношколски протести ја потресе Франција, над 100 повредени и стотици приведени
    Свет

    Бран средношколски протести ја потресе Франција, над 100 повредени и стотици приведени

    30/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Франција се соочува со голем бран средношколски протести кои се проширија низ земјата, при што најмалку 119 лица се повредени, а стотици се приведени. Незадоволството на учениците започна минатата недела поради недостиг на наставници, лошата состојба на училишните објекти и проблемите во образовниот систем, а дополнително се засили откако се приклучија кон протестите на јавниот сектор.

    Во повеќе градови беа организирани блокади пред средните училишта. Во Сен Дени, северно од Париз, учениците ги блокираа влезовите во училиштата, додека полицијата беше распоредена за да ја контролира ситуацијата. Слични инциденти беа регистрирани и во Лион и Лил, каде дел од демонстрантите фрлале предмети кон полициските сили.

    Полицијата одговори со низа интервенции и приведувања, а најголем дел од уапсените се малолетници и млади лица.

    Францускиот министер за образование Едуар Жефре изјави дека меѓу повредените има и ученици и вработени во училиштата. Најголем дел од повредениот наставен кадар се директори и професори кои биле на влезовите во објектите за време на блокадите.

    Протестите создадоа дополнителен политички притисок врз владата, особено откако поддршка за учениците дадоа претставници од крајната левица. Незадоволството се појавува во период кога владата се подготвува да го претстави буџетот за 2027 година, кој предвидува нови мерки за намалување на јавните расходи.

    Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), иако Франција во периодот од 2015 до 2022 година ги зголемила средствата за образование, учеството на овој сектор во вкупниот државен буџет постепено се намалува.

    Средношколците бараат подобри услови за образование, повеќе наставен кадар и инвестиции во училиштата, додека властите се соочуваат со предизвикот да го смират незадоволството без дополнително зголемување на политичките тензии.

    Поврзани вести:

    Паника во полската Воена полиција: Пратка од Германија предизвика иритации

    Паника во полската Воена полиција: Пратка од Германија предизвика иритации

    Дете загина, пет лица повредени во руски воздушни напади врз Киев

    Дете загина, пет лица повредени во руски воздушни напади врз Киев

    Барнам: Брегзит донесе повеќе штета отколку корист, Британија мора да го преиспита односот со ЕУ

    Барнам: Брегзит донесе повеќе штета отколку корист, Британија мора да го преиспита односот со ЕУ

    Аеродромот во Берлин доби систем за рано откривање дронови по зачестени инциденти

    Аеродромот во Берлин доби систем за рано откривање дронови по зачестени инциденти

    Мамдани со план за борба против антисемитизмот и злосторствата од омраза во Њујорк

    Мамдани со план за борба против антисемитизмот и злосторствата од омраза во Њујорк

    Шпанскиот Сенат го одби договорот за пријателство со Франција во пресрет на посетата на Макрон

    Шпанскиот Сенат го одби договорот за пријателство со Франција во пресрет на посетата на Макрон

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Паника во полската Воена полиција: Пратка од Германија предизвика иритации

    30/09/2026

    Дете загина, пет лица повредени во руски воздушни напади врз Киев

    30/09/2026

    Барнам: Брегзит донесе повеќе штета отколку корист, Британија мора да го преиспита односот со ЕУ

    30/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.