Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Близу 30 пријави за дигитално насилство пријавиле девојки и жени од Вардарски регион за нецели три години
    Република

    Близу 30 пријави за дигитално насилство пријавиле девојки и жени од Вардарски регион за нецели три години

    10/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Близу 30 пријави за дигитално насилство пријавиле девојки и жени од Вардарски регион за нецели три години, соопштија денеска од организацијата на жени „Женско лоби“ од Демир Капија.

    – Според податоците добиени од Министерството за внатрешни работи-СВР Велес, во периодот од 1 јануари 2023 до 15 октомври 2025 година, поднесени се 28 пријави од жени и девојки – жители на териториите на општините Велес, Кавадарци, Неготино, Росоман, Градско и Демир Капија за случаи во кои биле жртви на дигитално насилство. Од нив, два случаи се однесуваат на уцена, 17 на злоупотреба на лични податоци, осум на загрозување на сигурноста и еден случај се однесува на ширење на ксенофобичен материјал. Жртвите се жени и девојки на возраст од 15 до 60 години, појасни за МИА, Менче Николова, претседателка на организацијата.

    По сите пријави, СВР Велес и ОВР Кавадарци постапиле и доставиле соодветни поднесоци до Основното јавно обвинителство во Велес и Кавадарци.

    Николова информираше за овие податоци, во рамките на денешната акција за подигнување на свеста за дигиталното насилство врз девојките и жените. Таа додаде дека акцијата ја реализираат заедно со други женски граѓански организации.

    -Под мотото „20 црвени сигнали“, денес во Струмица, Демир Капија, Гостивар и Радовиш се одржаа паралелни јавни акции посветени на подигнување на свеста за дигиталното насилство врз девојките и жените. Акцијата ја реализираа четири женски граѓански организации – Организација на жени од Струмица, во соработка со „Женско лоби“ – Демир Капија, ИГИ од Гостивар и Женска акција од Радовиш, соопшти таа.

    Во секој град биле поставени дваесет црвени кругови, секој со порака или сведоштво што ја открива реалноста на дигиталното насилство.

    – Црвената боја, како симбол на предупредување и аларм, ја пренесе пораката дека сајбер насилството остава вистински и длабоки последици врз животите на девојките и жените. Перформансот беше чин на солидарност, отпор и поддршка кон сите кои се соочиле со дигитално насилство.
    Акцијата се спроведе во рамки на Меѓународната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, со цел да се испрати јасна порака дека дигиталното насилство е сериозен и сè почест облик на родово базирано насилство, што мора системски да се препознае и санкционира, истакна Николова.

    Таа додаде дека активноста е дел од годишната програма на Организација на жени од Струмица, финансиски поддржана со институционални грантови од Global Fund for Women и Акција Здруженска од Скопје.

    Поврзани вести:

    Средба Мицкоски – Јанша: Во фокусот ЕУ, реформите и економската соработка

    Средба Мицкоски – Јанша: Во фокусот ЕУ, реформите и економската соработка

    Разбиена криминална група за криумчарење, одземени над 100.000 евра

    Разбиена криминална група за криумчарење, одземени над 100.000 евра

    Мисајловски учествува на регионален состанок на министрите за одбрана во Словенија

    Мисајловски учествува на регионален состанок на министрите за одбрана во Словенија

    Облачно и ветровито време низ Македонија, ветерот ќе достигне до 60 км/ч

    Облачно и ветровито време низ Македонија, ветерот ќе достигне до 60 км/ч

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    вардарски регион дигитално насилство пријави
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Средба Мицкоски – Јанша: Во фокусот ЕУ, реформите и економската соработка

    22/09/2026

    Унгарец се обидел да внесе 200 илјади евра без пријава преку Табановце

    22/09/2026

    Разбиена криминална група за криумчарење, одземени над 100.000 евра

    22/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.