По повод Светскиот ден на срцето – 29 септември, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје организираа бесплатни превентивни прегледи во трговскиот центар „Дајмонд Мол“, со цел подигнување на свеста за превенција и рано откривање на кардиоваскуларните заболувања.
Пунктот го посети министерот за здравство Сашо Клековски, кој нагласи дека кардиоваскуларните заболувања и натаму претставуваат една од водечките причини за смртност и дека навремените контроли можат да спасат живот.
Годинашното одбележување се реализира под мотото „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“, со акцент на препознавање на скриените симптоми, едукација на населението и подобар пристап до превентивни прегледи и кардиолошка грижа.
На граѓаните им беа овозможени бесплатни мерења на крвниот притисок, шеќерот во крвта, нивото на холестерол, како и мерење на висината и телесната тежина, врз основа на што се пресметуваше индексот на телесна маса (BMI), како еден од показателите за ризик од срцеви заболувања.
„Смртноста од кардиоваскуларни заболувања е еден од најголемите ризици во светот. Факторите што ги предизвикуваат овие заболувања може да се превенираат и навреме да се откријат со едноставни прегледи. Апелирам граѓаните редовно да ги контролираат крвниот притисок и гликемијата и, доколку има потреба, да ја земаат терапијата препишана од лекар“, изјави Клековски.
Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, посочи дека ваквите активности имаат за цел да ја зголемат свесноста кај граѓаните за важноста од превенцијата и навременото откривање на кардиоваскуларните заболувања.