Борис Писториус изјави дека Германија е подготвена да помогне во обезбедување на евентуален прекин на огнот во конфликтот меѓу САД и Иран, но само доколку се постигне договор за примирје.
Тој нагласил дека Берлин не сака да биде директно вклучен во конфликтот, но би разгледал учество во операции за гарантирање на мирот и безбедноста, особено во однос на слободната пловидба во Ормутскиот теснец.
Писториус апелирал за што побрзо воспоставување на примирје, оценувајќи дека конфликтот има сериозни последици не само за регионот, туку и за глобалната економија и безбедност.
Воедно, тој упатил критики кон американската стратегија, посочувајќи дека недостига јасен план за излез од кризата, што дополнително ја зголемува загриженоста кај европските сојузници.
