Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Белгија повторно киксна: Иран освои голем бод по ремито без голови
    Спорт

    Белгија повторно киксна: Иран освои голем бод по ремито без голови

    22/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Белгија повторно не успеа да стигне до победа на Светското првенство, откако во натпреварот од второто коло одигра 0-0 против Иран и остана без триумф по две одиграни средби.

    На стадионот во Инглвуд беа создадени неколку добри можности на двете страни, но главните улоги им припаднаа на голманите. Особено се истакна иранскиот чувар на мрежата Алиреза Беинраванд, кој со седум успешни интервенции беше најзаслужен што неговата репрезентација освои бод.

    Белгија првата сериозна шанса ја имаше преку Максим Де Кујпер, но Беинраванд беше сигурен. Иран возврати со обиди на Хосеин Канани и Мехди Тареми, кој во 25. минута ја испрати топката во мрежата, но погодокот беше поништен поради офсајд по ВАР-проверката.

    Во второто полувреме Тареми повторно се закани, но Тибо Куртоа одлично реагираше. Најголемата можност за Белгија ја пропушти Де Кујпер, кој од непосредна близина не успеа да го совлада расположениот ирански голман по одличното додавање на Кевин Де Брујне.

    Белгијците останаа со играч помалку во завршницата, кога Натан Нгој доби директен црвен картон по прекршок врз Тареми во ситуација кога напаѓачот излегуваше сам пред голот.

    Со бројчена предност, Иран тргна по победа, а најблиску беше Саид Езатолахи, но не успеа да ја затресе мрежата. Во финишот Белгија се обиде преку Доди Лукебакио и Брендон Мехеле, но резултатот остана непроменет.

    По две кола, Иран и Белгија имаат по два освоени бода. Во последната рунда Белгија ќе се соочи со Нов Зеланд, додека Иран ќе игра против Египет во битката за место во нокаут-фазата.

    Поврзани вести:

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    19/10/2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    19/10/2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.