Се појавуваат нови информации дека американскиот претседател Доналд Трамп испраќа пратеници во Пакистан на нови разговори со Иран. Белата куќа за Фокс њуз потврди дека Техеран побарал нови средби во живо.
Потпретседателот Џеј Ди Венс ќе остане во САД во состојба на подготвеност за да се вклучи доколку биде потребно, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. „Сите се во состојба на подготвеност“, се наведува во извештајот.
Специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, патуваат во Исламабад, потврдија американски претставници за Ројтерс. За разлика од претходната рунда, Венс овој пат нема да патува, објави Си-Ен-Ен.
Иранските државни медиуми претходно јавија дека во Пакистан патува и министерот за надворешни работи Абас Арагчи.
Според ирански извори, Арагчи во рамки на турнејата ќе ги посети и Мускат и Москва, со цел билатерални консултации, разговори за актуелните регионални случувања и најновата состојба поврзана со војната што, според Техеран, против Иран ја водат Соединетите Американски Држави и Израел.
