Анкета на агенцијата „Маркет вижн“, спроведена за порталот МКД.мк од 10
до 27 јуни, покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму има убедлива предност пред останатите политички партии.
Според резултатите, 20,5 проценти од испитаниците би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека СДСМ има поддршка од 6,2 проценти.
ДУИ е трета со 5 проценти, пред ВЛЕН со 4,4 проценти, Левица со 2,9 и ЗНАМ со 1,5 проценти. Кај определените гласачи, односот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ останува речиси непроменет и ја потврдува големата предност на владејачката партија. Анкетата покажува и дека ВЛЕН сè повеќе се доближува до поддршката што ја има ДУИ кај албанскиот
електорат. Најголема доверба меѓу лидерите и понатаму ужива премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според истражувањето, лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити и Билал Касами, имаат повисок рејтинг од лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Испитаниците како најголеми проблеми во државата ги посочуваат ниските плати, пензиите, невработеноста и растот на цените.
Веднаш зад економските прашања, граѓаните ги издвојуваат криминалот и корупцијата како едни од најсериозните предизвици.
Анкетата опфаќа и ставови за работата на новиот јавен обвинител и Јавното обвинителство.
Истражувањето е спроведено врз примерок од 1.200 испитаници ширум државата.
