Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Андоновски: Родителите да ја насочат употребата на мобилните телефони кај децата кон работи кои се корисни
    Република

    Андоновски: Родителите да ја насочат употребата на мобилните телефони кај децата кон работи кои се корисни

    11/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонија засега не планира радикални забрани како австралискиот модел за ограничување на социјалните мрежи за деца, но прашањето е разгледувано, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, одговарајќи на прашањето дали Македонија планира да го следи примерот на Австралија, која прва воведе закон за забрана на социјални мрежи за деца под 16 години.

    -Секоја забрана треба да бидете свесни како ќе ја донесете, ќе има два ефекти. Ако не успеете да ја имплементирате до крај, таа ќе придонесе некои да се снаоѓаат, а некои да излезат целосно од контрола. Второ, елементот дали општеството е подготвено за таков радикален чекор, нагласи Андоновски.

    Според него решението е во едукација и работа со родителите, да ја насочат употребата на мобилните телефони кај децата кон работи кои се корисни, а не кон натпревари или содржини што одземаат премногу време без никаква корист.

    Прашан за личниот став за австралискиот закон, Андоновски рече дека доколку успеат да го имплементираат тоа правило до крај, можеби ќе има позитивен ефект.

    – Моето очекување е дека нема да успее проектот целосно, затоа што првите најави веќе покажуваат дека се наоѓаат начини преку технички уреди и врски да се заобиколат забраните, истакна Андоновски.

    Тој потсети дека во државава преку Центарот за побезбеден интернет веќе се работи на заштита на децата.

    -Секој социјален медиум има граница за под 16 години. Ако родителите го имплементираат тоа кај своите деца, тогаш децата нема да имаат пристап до алгоритми и содржини кои се штетни за нив. Ако тоа не го прават родителите, многу е потешко државата да се меша во слободниот избор на секој граѓанин и семејство и да одлучува што смеат, а што не смеат, појасни министерот.

    Поврзани вести:

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    Викенд контроли на полицијата и инспекторите во угостителски објекти и казина, утврдени низа прекршоци

    Викенд контроли на полицијата и инспекторите во угостителски објекти и казина, утврдени низа прекршоци

    АХВ продолжува со вонредни контроли на зелените пазари низ Македонија

    АХВ продолжува со вонредни контроли на зелените пазари низ Македонија

    Министерството за правда и студентите бараат решение за полагањето на правосудниот испит

    Министерството за правда и студентите бараат решение за полагањето на правосудниот испит

    Спасено мече од нелегална примка на Јакупица, ловџии го слушнале неговото рикање

    Спасено мече од нелегална примка на Јакупица, ловџии го слушнале неговото рикање

    Од среда стартува вакцинацијата против грип, Клековски ќе биде меѓу првите вакцинирани

    Од среда стартува вакцинацијата против грип, Клековски ќе биде меѓу првите вакцинирани

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    андоновски деца мобилните телефони
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    19/10/2026

    Викенд контроли на полицијата и инспекторите во угостителски објекти и казина, утврдени низа прекршоци

    19/10/2026

    АХВ продолжува со вонредни контроли на зелените пазари низ Македонија

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.