Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Американската амбасада предупреди на масовни протести во Косово пред пресудата за Тачи
    Свет

    Американската амбасада предупреди на масовни протести во Косово пред пресудата за Тачи

    14/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Американската амбасада во Приштина издаде безбедносно предупредување поради најавените масовни протести што ќе се одржат во среда, 16 септември, во центарот на Приштина и во повеќе градови низ Косово.

    Протестите се организираат во пресрет на изрекувањето на пресудите на Специјализираните совети во Хаг против четворица поранешни команданти на поранешната ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.

    Од Амбасадата предупредуваат дека се очекуваат големи собири, затворање на улици и сериозни нарушувања на сообраќајот.

    На американските државјани им се препорачува да го ограничат движењето, да избегнуваат области каде што ќе се одржуваат протестите и, доколку е можно, да не патуваат до работните места или училиштата ако нивните вообичаени маршрути минуваат низ тие локации.

    Исто така, на персоналот на Владата на САД му е препорачано да избегнува патувања што не се неопходни во близина на протестите, а на вработените им е советувано да не ги испраќаат своите деца на училиште поради очекуваните сообраќајни блокади.

    Американската амбасада во Приштина ќе продолжи со работа, но конзуларните услуги ќе се обезбедуваат во ограничен обем и според потребите.

    Во предупредувањето се апелира граѓаните да бидат внимателни, да ги избегнуваат местата каде што ќе се одржуваат демонстрации и да ја следат состојбата на терен.

    Според обвинителството во Хаг, за Тачи, Весели, Красниќи и Селими се бараат казни од по 45 години затвор. Тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во периодот 1998–1999 година, вклучувајќи убиства, киднапирања и прогон на припадници на тогашната југословенска војска и полиција, српски цивили, други неалбанци, како и Албанци кои не ја поддржувале ОВК.

    Во пресрет на објавувањето на пресудите, политичките тензии во Косово дополнително се засилуваат, а властите очекуваат зголемен број демонстранти на улиците.

    Поврзани вести:

    Почина најстариот преживеан од Холокаустот, Јехуда Видавски, на 107 години

    Почина најстариот преживеан од Холокаустот, Јехуда Видавски, на 107 години

    Студентите во Србија ја поднесоа изборната листа, Дејан Бодирога кандидат за пратеник

    Студентите во Србија ја поднесоа изборната листа, Дејан Бодирога кандидат за пратеник

    Кина и САД во нов судир околу развојот на вештачката интелигенција

    Кина и САД во нов судир околу развојот на вештачката интелигенција

    Шкотска, Велс и Северна Ирска се обединија во барањето за независност од Лондон

    Шкотска, Велс и Северна Ирска се обединија во барањето за независност од Лондон

    Трагедија во Индонезија: Шестмина загинати, 129 исчезнати по превртување на траект

    Трагедија во Индонезија: Шестмина загинати, 129 исчезнати по превртување на траект

    Силен украински напад со дронови врз Сочи, експлозии и голем пожар во градот

    Силен украински напад со дронови врз Сочи, експлозии и голем пожар во градот

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почина најстариот преживеан од Холокаустот, Јехуда Видавски, на 107 години

    14/09/2026

    Студентите во Србија ја поднесоа изборната листа, Дејан Бодирога кандидат за пратеник

    14/09/2026

    Кина и САД во нов судир околу развојот на вештачката интелигенција

    14/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.