Копретседателката на Алтернатива за Германија, Алис Вајдел, изјави дека
доколку АфД влезе во сојузната влада ќе бара Германија да излезе од еврозоната и од Шенгенскиот простор.
Таа најави затворање на националните граници, построга миграциска политика, повеќе депортации и намалување на бројот на доделени државјанства.
Вајдел оцени дека на Германија ѝ било подобро пред воведувањето на еврото и тврди дека заедничката европска валута ја ослабнала германската економија.
Изјавите доаѓаат во период кога АфД бележи силна поддршка во анкетите, со 27 проценти на национално ниво, додека пред изборите во Саксонија-Анхалт има поддршка од над 40 проценти.
АфД на сојузните избори во 2025 година освои 20,8 проценти од гласовите и стана најголемата опозициска партија во Бундестагот.
