Што се случува во скопските јавни претпијатија? По финансиските проблеми во ЈСП и во „Комунална хигиена“ и вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ заедно со колегите од фирмите – ќерки Флораком и Луна со денови го блокираат сообраќајот во Скопје. Тие си ја бараат августовската плата. Претседателот на Синдикатот, Стојанче Кашиковски, истакна дека иако од Град Скопје биле префрлени околу 23 милиони денари, сепак недостигаат уште околу 25 милиони денари само за платите во „Паркови и зеленило“, а дополнително се потребни средства и за Флораком и Луна. Тој нагласи дека претпријатието е во тешка финансиска криза и не може да ги извршува своите основни функции.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
