Министерството за внатрешни работи информира дека за време на викендот полицијата спровела засилени сообраќајни контроли низ целата држава. Во акциите биле издадени вкупно 1.156 платни налози, од кои најголем дел – 296 – за возачи кои ја надминале дозволената брзина на движење. Според податоците, санкционирани се и 156 возачи за неправилно паркирање, 136 за управување возило без возачка дозвола како и 95 за возење под дејство на алкохол. Во контролните активности полицијата регистрирала и други прекршоци: 16 мотоциклисти кои не носеле заштитен шлем, 40 возачи кои користеле мобилен телефон при управување со возило, 11 возачи кои минале на црвено светло и 57 лица кои не користеле сигурносен појас. Дополнително, од сообраќај биле отстранети 20 нерегистрирани возила и едно технички неисправно. МВР соопшти дека поради безобѕирно управување со возило, односно присуство на алкохол во крвта над 1,5 промили, биле лишени од слобода пет возачи.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

