Резулататите од прегледот на петнаесетте ученици од штипско средно училиште кои минатата недела имаа симптоми на труење ќе бидат најдоцна до утре.
Имено, учениците на големиот одмор јаделе сендвичи од блиска седнвичара-киоск кај која е направен и вонреден санитарен преглед.
Епидемиологот во Центарот за јавне здравје Штип, Светлана Живкова вели дека земени се примероци од инкриминиранта храна за лабораториско испитување и брисеви од работните површини.
Објектот е затворен и од Државен здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) и од Агенцијата за храна и ветеринство.
Мајка на дете кое по труењето заврши на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип изјави дека нејзиното дете симптомите ги добило по консумирање на сендвич со пилешки стек и компири.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
