Заклучно со петокот со обоени регистарски таблички биле обележани околу 700 службени возила, јавија од владината служба за општи и заеднички работи. Од таму очекуваат дека до предвидениот рок до 29 септември сите возила ќе бидат означени.
Од јавноста овој потег е коментиран како позитивен, оти обележувањето на службените возила со регистарски таблички во друга боја е првиот чекор кон поголема транспарентност и јавна контрола. Граѓаните полесно ќе ги препознаваат службените автомобили.
Сепак за да имаат увид дали тие се користат наменски потребен и е вториот чекор – постојана контрола од надлежните. Оти само различна боја на табличките нема да биде доволна доколку нема вистинско контролирање и санкции за злоупотребите.
Без тоа ефектот ќе остане симболичен, а оваа ќе биде само една козметичка мерка за краткотрајно смирување на јавноста.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
