Србија започна преговори со руската државна корпорација „Росатом“ за изградба на нуклеарна електрана, потврди српскиот амбасадор во Москва, Момчило Бабиќ.
Тој оцени дека „нема подобра компанија во светот за изградба на нуклеарка“ и најави оти овој проект за Србија е многу важен поради растечките потреби за електрична енергија.
Проекциите на стручњаците покажуваат дека до 2050 година потрошувачката на струја ќе порасне четирикратно, за што државата мора во нуклеарната енергија да бара стратешко решение.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
