На средба со претставници на невладини организации, кандидатката за градоначалник на
Скопје од СДСМ, Каја Шукова истакна дека нивната улога е клучна во креирањето и
имплементацијата на политики, но и во отворањето на теми и проблеми кои често
остануваат запоставени од институциите.
Шукова потенцираше дека практиката на негрижа и отсуство на поддршка кон граѓанските
иницијативи и културните работници, каква што владееше во изминатите четири години
на локално ниво, мора да престане.
Таа посочи дека во нејзината програма предвидува воспоставување на отворена
соработка со граѓанскиот сектор во сите области.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
