Додека Скопје се мачи со депонии, во Бутел има една помалку. Имено, од
Општината информираа дека доцна синоќа била исчистена дива депонија во
пределот на Градските гробишта.
„Исчистена е големата депонија на автобуската станица на јавниот градски
превоз како и околните улици во близина на Градските гробишта. Нашата цел е
Општина Бутел без депонии, а граѓаните да бидат наш партнер во зачувување
на хигиената, порача градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
