При давањето отчет за сработеното во актуелниот мандатот, градоначалникот на Центар,
Горан Герасимовски објави дека реализирале рекордни капитални инвестиции од речиси
13 милиони евра, а долгот на Општината бил намален за 65 проценти.
Тој кажа дека е изградена најубавата детска градинка во државата „Пролет“, со капацитет
од над 170 деца, а во училиштето „Коле Неделковски“ се доградени шест нови кабинети и
училници. Обновени и изградени биле и детски игралишта, спортски терени и парк од
8.000 квадратни метри во Капиштец.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
