Нов проект „Скопје сити гоу“, паметна картичка што ќе ги обедини сите услуги што ги нуди градот на едно место. Ова синоќа го промовираше кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
Со неа граѓаните ќе имаат едноставен пристап до јавен превоз, паркинг, музеи, театри, жичара и зоолошка градина. Картичката ќе биде достапна и како мобилна апликација, но и во физичка форма. Средношколците, пензионерите, невработените, лицата со попреченост и семејствата со ниски примања ќе ја добијат бесплатно.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
