Состојбата по пожарот во Трубарево се смири. Пламен нема, а веќе ниту чадење, благодарение на брзата и рганизирана акција од надлежните.
Претходно Владата забрани пристап и движење во зоната на пожарот, а следните седум дена акредитирана лабораторија ќе врши 24/7 мониторинг на квалитетот на воздухот. Институтот за јавно здравје најави дополнителни анализи на почвата и водата, но, како што информираа од таму, досега нема отстапувања во параметрите за радиоактивност.
Инаку, утрово определен е притвор во траење од 48 часа на четворица осомничени за пожарот. Од судот велат дека се испитува и потенцијална одговорност и на други лица.
Од денеска учениците од четири училишта во Гази Баба, во близина на пожарот во Трубарево, неделава ќе следат онлајн настава. Во пожарот, кој избувна во рециклаторен центар за опасен отпад, повредени беа четири лица .
