Утрово Скопје осамна со слаба магла. Во некои делови од градот се чуствуваше и мирисот
на чад кој го има веќе неколку дена откако избувнаа пожари во депонијата Дрисла, како и
во дивата депонија Вардариште.
Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, чадењето
од депонијата „Дрисла“ е сѐ уште присутно, но во многу помал обем, и како што вели тоа
не е причина за утринската магла во Скопје. Дивата депонија „Вардариште“, пак, е
целосно изгасната и од неа нема никакво чадење.
Аеродромци и синоќа протестираа поради загадениот воздух и долготрајното
нерешавање на проблемот на дивата депонија Вардариште. Граѓаните блокираа
крстосница во оваа скопска општина, а овој пат и изведоа марш по улиците. Се бара итна
реакција на надлежните за да сопре отровниот воздух кој навечер го поклопува
Аеродром.
Инаку, во текот на вчерашниот ден затрупан е дел од просторот на депонијата „Дрисла“
од кој имаше чадење. Властите најавуваат дека денеска затрупувањето продолжува со
засилено темпо.
