Еднократна парична помош за глувонемите во Центар од следната година е договорено на средбата меѓу градоначалникот Горан Герасимовски и претставниците на Сојузот на глуви и наглуви – Даре Џамбаз. На средбата се разговарало и за актуелните потреби и предизвици со кои се соочуваат овие лица, како и за можностите за понатамошна поддршка од страна на општината.
„Центар е една од ретките општини која обезбедува лични асистенти и финансиска поддршка за децата и семејствата кои имаат таква потреба. Со оваа нова мерка ќе покажеме дека секој наш сограѓанин е важен и дека заедно градиме општество на еднакви можности”, истакна градоначалникот Герасимовски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
