Проектот БРТ е единственото функционално и одржливо решение за решавање на деценискиот проблем со јавниот превоз во Скопје, се вели во соопштението од СДСМ.
Кандидатката за градоначалник на Скопје од оваа партија, Каја Шукова, смета дека БР Т мора да се реализира прво, затоа што е брз и ефикасен систем, второ затоа што средствата се веќе обезбедени од Европската банка за обнова и развој и трето затоа што претставува одржливо, еколошко и безбедно решение за транспорт во градот..
Таа објасни дека првата фаза од БРТ линијата од Ѓорче Петров преку Центар до Ново Лисиче и Аеродром е целосно подготвена за реализација.
БТР е проект за брз автобуски транспорт на претходниот градоначалник Шилегов, што на изборите во 2021 година, скопјани не го одобрија.
