Со претставници од културната сцена во Скопје пред МКЦ се сретна кандидатката за градоначалник од СДСМ, Каја Шукова.
„Културата не треба да биде привилегија, туку право за секој граѓанин на Скопје“, истакна Шукова, нагласувајќи дека најголемиот дел од културните настани денес се концентрирани во центарот на градот и дека мора да се обезбеди нивна децентрализација.
„Треба да понудиме културни содржини во сите овие јавни отворени простори… со мобилни сцени, со подвижни платоа и разни други мобилни технички средства“, рече Шукова.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
