„Штрајкот на вработените во пералната на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е аларм за целосен распад на јавното здравство“, стои во соопштението на Левица. Тие напишаа дека болниците се во хаос, операциите доцнат, недостасува чиста облека, а пациентите се под ризик на зараза, а министерот, Азир Алиу, останува целосно пасивен и без конкретни одговори.
„Клучното прашање, кое останува неодговорено, е кој и како управува со пералната на Клиничкиот центар? Дали тоа е приватната фирма „Скопстер“, позната по енормно високите цени и протуркана од поранешниот министер Арбен Таравари, и покрај отпорот на клиниките? Или, пак, тоа е во надлежност на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР)?, прашаа од Левица.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
