„Проектот „Чаир 48“ за одговор/решение на пријави во рок од 48 часа, вторник како „отворен ден“ без закажување, брза комунална екипа и јавен календар на средби и одлуки на општината ќе бидат дел од програмата на кандидатот на ДУИ за Чаир, Бујар Османи“, соопштија од Партијата.
Од таму дополниваат и дека ова директно го погодува коренот на проблемот кој со години ја следи општината: неефикасност, слаба координација меѓу службите и отсуство на видливи рокови и оти граѓаните ретко знаат кој е задолжен за конкретен проблем, кога ќе биде решен и зошто доцни.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
