Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип
    Република

    Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

    18/08/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33. роденден на македонската Армија. Повеќе од три децении исполнети со посветеност, пожртвуваност, знаење, храброст и одлучност во служба на Татковината ќе бидат одбележани со пригодна програма и присуство на високи државни и воени претставници.

    Според протоколот на свеченоста, со пригоден говор на присутните ќе им се обратат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

    На централната свеченост ќе бидат построени и новопромовираните 26 потпоручници и 149 подофицери.

    За време на централната свеченост, претседателката Сиљановска-Давкова, како што соопшти Генералштабот на Армијата, ќе го одликува со „Орден за воени заслуги“ Центарот за обука на питомци и офицери, кој е дел од Командата за обука и доктрини.

    На свеченоста се очекува да присуствуваат претседателот на Собранието, Африм Гаши, министри во Владата, пратеници во Собранието, поранешни министри за одбрана и началници на генералштабот, пензионирани генерали, високи гости од повеќе институции во Републиката, воено-дипломатскиот кор во Република Северна Македонија и други.

    Одбележување на 18 август – Денот на македонската Армија почна во петокот (15 август) пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот. Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски по повод Денот на Армијата се обратија пред вработените при што ја истакнаа нивната професионалност и посветеност на службата.

    На свечениот собир на вработените Министерството за одбрана и Генералштабот присуствуваа и заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова, директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, вработени во Министерството и Генералштабот и останати гости.

    По повод Денот на Армијата синоќа во скопската касарна „Илинден“ беше извршена почесна артилериска стрелба со истрелување 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.

    За роденден на Армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија. Процесот за формирање на современата македонска Армија, пак, започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија.

    Македонската Армија денес е составен дел од најголемиот колективен безбедносен систем откако Република Северна Македонија во март 2020 година стана 30 полноправна членка на НАТО.

    Поврзани вести:

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново, обвинетите повторно негираа вина

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново, обвинетите повторно негираа вина

    Температурите до 32 степени, но попладне со локално невреме

    Температурите до 32 степени, но попладне со локално невреме

    Мисајловски во Словенија: Средба со Македонците во Крањ и учество на министерски состаноци

    Мисајловски во Словенија: Средба со Македонците во Крањ и учество на министерски состаноци

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    21/09/2026

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    21/09/2026

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    21/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.