На средба со жителите на Хиподром 2 синоќа кандидатот за градоначалник на Гази Баба
од СДСМ, Влатко Митовски, синоќа изрази задоволство од конструктивни идеи што ги
добил, од искрените разговори и позитивна енергија што ја чувствувал.
Граѓаните, според Митовски, споделиле предлози и укажале на проблеми со чие
решавање ќе се придонесе за подобрување на секојдневниот живот.
„Голема благодарност до сите што присуствуваа и активно се вклучија во дискусијата.
Вашиот глас е важен и ќе биде дел од нашата програма за развој на општината.
Продолжуваме – секој ден во ново маало!“, напиша Митовски на социјалните мрежи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
