Во соработка со режисерка Ана Јакимска и фотографот Александар Чокревски, „Лајка“ ја
лансираше кампањата „Дали си ти мојот дом?“, посветена на вдомување на кучиња кои
со години чекаат вдомување.
Кампањата преку моќни фотографии ги прикажува кучињата во топли, секојдневни сцени
– моменти во кои недостасува само еден елемент за сликата да биде целосна: новиот
сопственик што ќе им подари љубов и дом.
Преку „Дали си ти мојот дом?“ јавноста ќе има можност да ги запознае најдолго
задржаните штитеници на Лајка, да ја види нивната нежна страна и да дознае како да им
подари нов почеток.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
