Во пресрет на почетокот на новата учебна година во спортската сала „Марко Божиновски“ и
на спортското игралиште во основното училиште „Лазо Ангеловски“ целосно се заменуваат
подовите со нова нелизгачка спортска подлогa, јавија од општина Аеродром.
Целта на оваа активност е да се подобри спортската инфраструктура и да се создадат
побезбедни услови за спортување на учениците во Ново Лисиче.
„Со инвестициите во спортската инфраструктура обезбедуваме подобри и побезбедни
услови за нашите ученици и млади спортисти. Верувам дека новите сали ќе бидат место
каде што ќе се раѓаат нови успеси и спортски пријателства“, изјави градоначалникот Дејан
Митески.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
