Се реконструира спортската сала во основното училиште „Његош“ во населеното место
Колонија во Гази баба.
Поправките, како што јавија од Општината, опфаќаат молерисување, санација на
ѕидовите и освежување на внатрешниот простор во училиштето, а фокусот е ставен на
целосно подобрување на спортската сала.
„Реконструкција е дел од нашата поширока заложба за создавање современи и безбедни
образовни услови за нашите ученици. Спортот не само што придонесува за здравјето, туку
ги учи младите на тимска работа, дисциплина и фер-плеј – вредности кои се темел на
секоја здрава заедница“, изјави градоначалникот Бобан Стефковски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
