Во Кисела Вода, спроти седиштето на Општината беше поставена новата биста на
народниот херој Цветан Димов. Претходниот споменик беше во лоша состојба поради
негрижа и оштетувања. По барање на жителите, Општината изработи нова биста, со што
на овој голем херој му се оддава заслужено признание, а историската меморија добива
повидливо и достојно место.
-Нашите херои не се само имиња во учебниците, тие се сведоци на историјата, втемелени
во нашата слобода и иднина. Со новата биста на Цветан Димов, поставена на ова видно
место, соодветно оддаваме почит кон неговата жртва, но и создававме услови многу
повеќе луѓе, особено младите, да ја запознаат неговата приказна, изјави градоначалникот
Орце Ѓорѓиевски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
