Инженерските анализи на статиката на надвозникот „Влајко“ се успешно завршени, а првичните анализи од општината Карпош носат мирна вест – нема забележани сериозни проблеми што би загрозиле неговата стабилност.
„Ова е редовно инженерско испитување на надвозникот како дел од стандардна процедура поради староста на објектот кој е изграден во 2005 година. Испитувањата ги реализираше ТСГ Индустри Сервис, фирма која во наредниот период ќе изготви детална анализа со предлози за идни активности за заштита и одржување на конструкцијата“, соопшти општинта.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
