Со собир на неколку места во Скопје денеска тргна коњаницата на традиционалниот Илинденски марш. Коњаниците најпрво се собраа пред Соборниот храм во Скопје, па преку спортскиот центар „Борис Трајковски“ и паркот во Ѓорче Петров се упатија кон Крушево за да им се оддаде почит на великаните од Крушевската република, но и на илјадниците борци во револуционерното дело.
Маршот на коњаницата прв пат се одржа пред шеснаесет години како иницијатива на група граѓани ентузијасти и поддржувачи на револуционерното минато.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
