Две малолетни девојчиња од Штип, на возраст од 14 и 12 години, кои претходно биле пријавени дека се оддалечиле од семејниот дом, се пронајдени во Струмица, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од полицијата, девојчињата биле пронајдени на 23 ноември од страна на полициски службеници на СВР Струмица, еден ден откако било пријавено нивното оддалечување од домот.
Пријавата за двете малолетнички била поднесена на 22 ноември во Секторот за внатрешни работи Штип.
По пронаоѓањето во Струмица, девојчињата биле предадени на нивниот татко.
Од Министерството за внатрешни работи не соопштуваат дополнителни детали за околностите под кои малолетничките го напуштиле семејниот дом, ниту како пристигнале во Струмица.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
