Со другарско кафе, како што објавија на социјалните медиуми, вчера се дружеа кандидатите за градоначалници на СДСМ за скопските општини и градот Скопје. „Другарски, отворено и со иста цел: за подобро, напредно, културно, уредно и чисто Скопје! Град на скопјани. Тие заслужуваат тим кој знае, може и сака да работи за граѓаните. Ова е тимот на СДСМ во Скопје!“ напишаа од партијата.
Како што претходно објави претседателот, Венко Филипче, досега познати кандидати се: за Карпош – Маја Мојсова Мијовска, за Кисела Вода – Горан Трајковски, за Центар – актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, за Аеродром – Александар Трајановски, за Ѓорче Петров –Костадин Ацески, а за Гази Баба – Влатко Митовски. Кандидатка за градоначалник на Скопје е Каја Шукова.
За околните општини околу Скопје познати се имињата на кандидатите за Чучер Сандево – актуелниот градоначалник Сашо Комненовиќ и за Петровец – Елизабета Зелениковска
