Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Мицкоски најави почеток на изградбата на патот што ќе ги поврзе Кочани, Виница и Делчево
    Економија

    Мицкоски најави почеток на изградбата на патот што ќе ги поврзе Кочани, Виница и Делчево

    21/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Изградбата на експресниот пат што треба да ги поврзе Кочани, Виница и Делчево, со клучка кон Македонска Каменица, се очекува да започне кон крајот на летото или на почетокот на есента 2027 година, најави премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Делчево.

    Мицкоски информираше дека по спроведената јавна расправа е избрана една од двете разгледувани траси, а во тек се подготовките на потребната документација за реализација на проектот.

    „Станува збор за експресен пат кој ќе ги поврзе Кочани, Виница и Делчево, со клучка за Македонска Каменица. На јавната расправа беа разгледани две варијанти, од кои едната е избрана. Во тек е изработката на студија за изводливост и еколошка студија, а веќе разговараме и со потенцијални финансиски институции“, изјави премиерот.

    Тој посочи дека проектот бил претставен пред Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, а апликацијата за обезбедување финансиска поддршка веќе е поднесена.

    Според најавите, доколку активностите се одвиваат според планираното, студиите и концептите за избраната варијанта треба да бидат завршени напролет.

    „Очекувам камен-темелникот да биде поставен кон крајот на летото или почетокот на есента во 2027 година. Со тоа ќе се заокружи една целина која значително ќе ја подобри поврзаноста на жителите од овој дел на Македонија со останатите региони“, рече Мицкоски.

    Премиерот најави и други инфраструктурни активности во Источниот регион. Од понеделник, според него, треба да започне реконструкцијата на патниот правец од Делчево до граничниот премин со Бугарија.

    Тој информираше и дека е завршена тендерската постапка за санација на мостот на излезот од Делчево кон Македонска Каменица и Кочани, со што се очекува наскоро да започнат градежните работи.

    За време на посетата на Делчево, Мицкоски заедно со министерот за здравство Сашо Клековски и министерот за спорт Борко Ристовски изврши увид во градежните активности на Здравствениот дом „Гоце Делчев“, како и во почетокот на реконструкцијата на градската спортска сала.

    Поврзани вести:

    Биткоинот падна на најниско ниво во последните две години

    Биткоинот падна на најниско ниво во последните две години

    Македонците се повеќе се задолжуваат: Кредитите растат побрзо од заштедите

    Македонците се повеќе се задолжуваат: Кредитите растат побрзо од заштедите

    Октомвриската кошничка достигна 59.149 денари, зеленчукот и овошјето најмногу поскапеле

    Октомвриската кошничка достигна 59.149 денари, зеленчукот и овошјето најмногу поскапеле

    Берзански бум: „Амазон“ и „Гугл“ добија стотици милијарди долари со ИПО на „Антропик“

    Берзански бум: „Амазон“ и „Гугл“ добија стотици милијарди долари со ИПО на „Антропик“

    ММФ предупредува: Нови инфлациски притисоци може да донесат поскапи кредити

    ММФ предупредува: Нови инфлациски притисоци може да донесат поскапи кредити

    Николоски од Виена: ЕУ мора итно да најде решение за превозниците од Западен Балкан

    Николоски од Виена: ЕУ мора итно да најде решение за превозниците од Западен Балкан

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Биткоинот падна на најниско ниво во последните две години

    21/11/2026

    Македонците се повеќе се задолжуваат: Кредитите растат побрзо од заштедите

    20/11/2026

    Октомвриската кошничка достигна 59.149 денари, зеленчукот и овошјето најмногу поскапеле

    20/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.