Деца од предучилишните установи во Скопје учествуваа на традиционалната манифестација „Го градам мојот град“, која ја организираше Јавната установа Детски културен центар „Карпош“, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.
Целта на манифестацијата беше да се истакнат творечките способности и креативноста на децата, како и да им се доближи значењето на празникот 13 Ноември преку изработка на макети на значајни објекти и одбележја на Скопје користејќи различни материјали.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
