Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Ѓорѓиевски: Во тек е темелна обнова на жичарата на Водно, повторно ќе биде пуштена следниот месец
    Скопје

    Ѓорѓиевски: Во тек е темелна обнова на жичарата на Водно, повторно ќе биде пуштена следниот месец

    11/11/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изврши увид во работите за обнова на жичарата на Водно, најавувајќи дека таа повторно ќе биде ставена во функција веќе следниот месец, по завршувањето на реконструкцијата и сите безбедносни проверки.

    Ѓорѓиевски истакна дека при увидот биле утврдени сериозни недостатоци, кои, според него, се резултат на долгогодишно неспроведување на неопходните големи сервиси и редовно одржување.

    „Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Но, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис“, изјави градоначалникот.

    Тој информираше дека во моментов се изведуваат работи за целосна обнова на жичарата и реконструкција на кабините, додека моторот е испратен на репарирање надвор од државата.

    Според најавите, по завршувањето на сите активности и задолжителните технички и безбедносни проверки, жичарата повторно ќе биде достапна за скопјани и посетителите на главниот град.

    „Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје“, порача Ѓорѓиевски.

    Поврзани вести:

    Уште една еко-акција за чистење на Скопје

    Уште една еко-акција за чистење на Скопје

    Затворена улицата „4“ во Усје, Општина Кисела Вода објави алтернативен правец

    Затворена улицата „4“ во Усје, Општина Кисела Вода објави алтернативен правец

    ЕВН најави прекини на струјата во две скопски општини

    ЕВН најави прекини на струјата во две скопски општини

    Повеќе скопски населби денеска без струја, познати локациите и термините

    Повеќе скопски населби денеска без струја, познати локациите и термините

    Новите анализи потврдија: Водата во Скопје е безбедна за пиење

    Новите анализи потврдија: Водата во Скопје е безбедна за пиење

    Граѓаните на Гази Баба одлучуваат кои проекти ќе бидат приоритет во буџетот за следната година

    Граѓаните на Гази Баба одлучуваат кои проекти ќе бидат приоритет во буџетот за следната година

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Уште една еко-акција за чистење на Скопје

    11/11/2026

    Затворена улицата „4“ во Усје, Општина Кисела Вода објави алтернативен правец

    11/11/2026

    ЕВН најави прекини на струјата во две скопски општини

    11/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.