Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»ВМРО-ДПМНЕ бара од Пендаровски одговори за објектот во Влае и поврзаноста со Муслиу
    Политика

    ВМРО-ДПМНЕ бара од Пендаровски одговори за објектот во Влае и поврзаноста со Муслиу

    06/11/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ побара поранешниот претседател Стево Пендаровски јавно да се произнесе за неговата поврзаност со објект во скопската населба Влае, за кој, како што наведуваат од партијата, самиот кажал дека е во сопственост на неговиот близок соработник Еролд Муслиу.

    Од владејачката партија поставија прашања поврзани со потеклото на средствата вложени во изградбата, имотната состојба на Муслиу и евентуален судир на интереси.

    ВМРО-ДПМНЕ прашува дали пријавените приходи и имотната состојба на Муслиу соодветствуваат со вредноста на инвестицијата, дали се пријавени сите негови деловни интереси и дали постојат недозволени поврзаности од периодот кога извршувал јавна функција.

    Од партијата побараа и Муслиу да даде објаснување за потеклото на средствата со кои се финансира изградбата, а надлежните институции да извршат проверки на документацијата, начинот на финансирање и законитоста на инвестицијата.

    Според ВМРО-ДПМНЕ, Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата треба да го разгледаат случајот и да утврдат дали постојат елементи на судир на интереси или поврзаност со претходното службено работење на Муслиу.

    „Граѓаните имаат право да знаат дали луѓето кои извршувале високи јавни функции можат да го оправдаат своето богатство со законски стекнати приходи. Нема недопирливи. Нема привилегирани. Законите мора да важат подеднакво за сите“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Поврзани вести:

    Во Владата денеска панел-дискусија за Извештајот на Европската комисија

    Во Владата денеска панел-дискусија за Извештајот на Европската комисија

    Мицкоски денеска во Валандово, ќе ја пушти во употреба третата фаза од „Страиште“

    Мицкоски денеска во Валандово, ќе ја пушти во употреба третата фаза од „Страиште“

    Филипче објави записник за „Алта банка“ и побара оставка од министерката за финансии

    Филипче објави записник за „Алта банка“ и побара оставка од министерката за финансии

    ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Политички сте во ќорсокак, немате што да понудите

    ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Политички сте во ќорсокак, немате што да понудите

    Собраниските комисии ќе расправаат за измените на Законот за медиуми и повеќе законски решенија

    Собраниските комисии ќе расправаат за измените на Законот за медиуми и повеќе законски решенија

    ВЛЕН: Ослободувањето на Груби и Бајрами е скандал и исмевање со правдата

    ВЛЕН: Ослободувањето на Груби и Бајрами е скандал и исмевање со правдата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Во Владата денеска панел-дискусија за Извештајот на Европската комисија

    06/11/2026

    Мицкоски денеска во Валандово, ќе ја пушти во употреба третата фаза од „Страиште“

    06/11/2026

    Филипче објави записник за „Алта банка“ и побара оставка од министерката за финансии

    05/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.