Во Владата денеска ќе се одржи панел-дискусија посветена на Извештајот на Европската комисија за 2026 година и реформските процеси на земјата.
На настанот, кој е насловен „Извештајот на Европската комисија за 2026 – напредок и реформи“, ќе учествуваат министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и заменик-амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Бен Нупнау.
Модератор на панел-дискусијата ќе биде владината портпаролка Марија Митева.
На панелот се очекува да бидат разгледани оценките од најновиот извештај на Европската комисија, постигнатиот напредок и реформите што треба да се реализираат во наредниот период во рамки на евроинтегративниот процес.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
