Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против 30-годишниот Б.Ч. од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, при полициски преглед на патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот на подрачјето на општина Аеродром, биле пронајдени 32 пакетчиња со кокаин.
При контролата биле пронајдени и нож и пари, кои биле одземени за понатамошна постапка.
Од МВР информираат дека лицето управувало возило и покрај тоа што имало активна забрана за управување со моторно возило.
По преземените дејствија, против Б.Ч. е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.
