Јавната обвинителка Искра Хаџи Василева, денеска, по рочиштето за случајот против судијата Ѓоко Ристов, оцени дека правните мислења приложени од одбраната немаат доказна вредност и не може да влијаат врз одлуката на судот.
По презентираните материјални докази на одбраната, меѓу кои и правни мислења и толкувања од универзитетски професори, обвинителката која минатата недела беше избрана за шефица на ОЈО ГОКК, рече дека судот е должен да ги цени фактите и доказите изведени во постапката, а не ставови засновани на академски авторитет.
Адвокатот на одбраната Звонко Давидовиќ, однос на правното мислење на професорот Гордан Калајџиев, посочи дека тоа е побарано од одбраната и се однесува на правната квалификација на делото, при што одбраната останува на ставот дека судија не може да биде опфатен со законското битие на кривичното дело за кое се товари Ристов – „злоупотреба на службената положба“
