Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Битолчанка и државјанин на Естонија осомничени за измама со лажни онлајн инвестиции
    Хроника

    Битолчанка и државјанин на Естонија осомничени за измама со лажни онлајн инвестиции

    31/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против 56-годишната М.К. од Битола и 38-годишниот А.С. од Естонија, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“.

    Според информациите од МВР, осомничените во периодот од декември 2025 до април 2026 година преку мобилна апликација и канал со неколку стотици претплатници ги убедувале граѓаните да вложуваат средства на лажна интернет-платформа, при што им биле ветувани високи добивки кои никогаш не биле исплатени.

    Од полицијата информираат дека на овој начин била предизвикана значителна финансиска штета на граѓани од целата држава.

    До Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика биле доставени пет пријави од лица кои тврделе дека биле измамени. Сепак, анализата на финансиските податоци од трансакциската сметка на првопријавената покажала дека бројот на оштетени граѓани е значително поголем.

    Според МВР, станува збор за стотици лица, од кои голем дел не го пријавиле случајот.

    За расчистување на измамата била спроведена повеќемесечна истрага во која биле вклучени повеќе домашни и странски институции. Размената на информации и оперативните активности придонеле за идентификување на осомничените лица.

    Во рамки на истрагата, полициски службеници извршиле разговор со првопријавената и одзеле електронски уреди за кои постои сомнение дека биле користени за комуникација преку мобилната апликација. Од извршената форензичка анализа, според МВР, биле обезбедени докази поврзани со кривичното дело.

    Случајот имал и меѓународен карактер, а преку анализа на криптотрансакции и соработка преку меѓународни безбедносни платформи биле обезбедени информации за сопственикот на криптопаричникот.

    Од МВР не соопштуваат колкава е вкупната финансиска штета предизвикана со измамата.

    Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика повторно апелира до граѓаните да бидат внимателни со понудите за брза и лесна заработка преку интернет.

    Полицијата предупредува дека измамниците често користат социјални мрежи, лажни профили и телефонски повици за да ги убедат граѓаните да вложуваат во криптовалути или други инвестиции, ветувајќи им високи и сигурни приноси.

    Надлежните посочуваат дека лажните инвестициски платформи можат да изгледаат професионално и убедливо, поради што граѓаните треба детално да ги проверуваат понудите пред да уплатат средства.

    Поврзани вести:

    Малолетници украле „Форд Фиеста“ оставен незаклучен во Дебар

    Малолетници украле „Форд Фиеста“ оставен незаклучен во Дебар

    Штипјанец осомничен дека украл паричник и ја злоупотребил банкарската картичка

    Штипјанец осомничен дека украл паричник и ја злоупотребил банкарската картичка

    СВР Скопје поднесе кривична пријава против 18-годишник за сомнение за силување на малолетничка

    СВР Скопје поднесе кривична пријава против 18-годишник за сомнение за силување на малолетничка

    Уапсен ловџија од Кавадарци поради незаконит лов, пронајдено оружје, патрони и месо од срндак

    Уапсен ловџија од Кавадарци поради незаконит лов, пронајдено оружје, патрони и месо од срндак

    Тешка сообраќајка во Градец, младо момче итно пренесено во болница

    Тешка сообраќајка во Градец, младо момче итно пренесено во болница

    Приведен скопјанец кој ги нападнал родителите и сестра си во семејниот дом

    Приведен скопјанец кој ги нападнал родителите и сестра си во семејниот дом

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Малолетници украле „Форд Фиеста“ оставен незаклучен во Дебар

    30/10/2026

    Штипјанец осомничен дека украл паричник и ја злоупотребил банкарската картичка

    27/10/2026

    СВР Скопје поднесе кривична пријава против 18-годишник за сомнение за силување на малолетничка

    27/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.