Водители на настанот се Кејт Смит и легендарниот француски фудбалер Тиери Анри, а главната награда за најдобар фудбалер во машка конкуренција треба да биде доделена во 23:30 часот по македонско време.
Првото големо признание на вечерта му припадна на Ламин Јамал, кој ја освои наградата за најдобар млад играч. Фудбалерот на Барселона повторно го доби престижното признание, откако зад себе остави сезона исполнета со големи успеси.
Јамал со Барселона ја освои шампионската титула во Шпанија, а со репрезентацијата на Шпанија стигна до светскиот трофеј.
Наградата му ја врачи легендата на украинскиот фудбал Андреј Шевченко.
„Чест ми е што ја добивам оваа награда. Сакав мојот соиграч Пау Кубарси да ја освои. Благодарност до моите соиграчи од клубот и репрезентацијата. Ќе продолжам да работам за да бидам уште подобар“, изјави Јамал по признанието.
Во женска конкуренција, наградата за најдобра млада фудбалерка ја освои Вики Лопез, исто така фудбалерка на Барселона.
За Лопез ова е второ последователно признание во оваа категорија. Таа им се заблагодари на своето семејство, соиграчките и на сите кои ја поддржуваат во кариерата.
Церемонијата во Лондон продолжува со доделување на останатите награди, меѓу кои и онаа за најдобар фудбалер во светот за 2026 година.
