Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Прв пораз за МЗТ во АБА 2: Сутјеска славеше по драматична завршница
    Спорт

    Прв пораз за МЗТ во АБА 2: Сутјеска славеше по драматична завршница

    25/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    МЗТ Скопје Аеродром не успеа да ја продолжи победничката серија во АБА 2 лигата, откако го претрпе првиот пораз сезонава. Македонскиот шампион на гостувањето во Никшиќ загуби од Сутјеска со 85-75, во натпревар од второто коло во Групата Ц.

    „Штрковите“ имаа свои моменти во дуелот, но пресуден се покажа падот во последната четвртина, кога домашниот состав ја презеде контролата и ја направи разликата што ја однесе победата на црногорскиот тим.

    Сутјеска подобро го започна натпреварот, но МЗТ одговори во вториот период со одлична игра во нападот. Гостите ја добија втората четвртина со 29-23 и на паузата заминаа со минимално водство од 40-39.

    Продолжението донесе изедначена борба, а домашните кошаркари успеаја благо да го свртат текот на натпреварот во своја корист во третата четвртина, која ја добија со 21-19. Клучниот период беше последниот, во кој Сутјеска одигра најдобро и со 25-16 во десетте минути го реши победникот.

    Во составот на МЗТ Скопје најефикасен беше Ноа Фарахан со 18 поени, додека Димитрије Николиќ постигна 17 поени и додаде три скока. Војдан Стојановски реализираше осум поени, а Лука Стојановски и Лесли Варнер завршија со по седум.

    Кај Сутјеска најрасположен беше Стефан Митровиќ со 22 поени, додека Филип Баровиќ придонесе со 16 поени и шест скока.

    По овој натпревар МЗТ Скопје ќе бара враќање на победничкиот пат во продолжението од сезоната во АБА 2 лигата.

    Поврзани вести:

    Куртоа го пропушта Ел Класико, Реал Мадрид остана без првиот голман пред големото дерби

    Куртоа го пропушта Ел Класико, Реал Мадрид остана без првиот голман пред големото дерби

    Алкалоид повторно го надигра Ферлах и обезбеди пласман во третото коло од ЕХФ Европскиот куп

    Алкалоид повторно го надигра Ферлах и обезбеди пласман во третото коло од ЕХФ Европскиот куп

    Вардар двапати славеше залудно, ВАР ја спаси Шкендија во дербито

    Вардар двапати славеше залудно, ВАР ја спаси Шкендија во дербито

    Судиската комисија: ВАР правилно го призна вториот гол на Силекс

    Судиската комисија: ВАР правилно го призна вториот гол на Силекс

    Силекс и Шкендија Арачиново го отвораат 11 коло во Првата лига

    Силекс и Шкендија Арачиново го отвораат 11 коло во Првата лига

    Без струја делови од Чаир, Кисела Вода, Бутел и Зелениково

    Без струја делови од Чаир, Кисела Вода, Бутел и Зелениково

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    аба аба два мзт скопје
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Куртоа го пропушта Ел Класико, Реал Мадрид остана без првиот голман пред големото дерби

    25/10/2026

    Алкалоид повторно го надигра Ферлах и обезбеди пласман во третото коло од ЕХФ Европскиот куп

    24/10/2026

    Вардар двапати славеше залудно, ВАР ја спаси Шкендија во дербито

    24/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.