Еврокомесарка за проширување, Марта Кос, го пофали напредокот на Црна Гора кон членство во Европската унија, нагласувајќи дека претстојните недели и месеци ќе бидат одлучувачки за европската иднина на земјите од Западен Балкан.
-Претстојните недели и месеци ќе бидат одлучувачки за сите нас. За Црна Гора, пресудниот момент ќе биде преминувањето на целната линија во процесот на пристапување. За Србија, тоа ќе бидат изборите следната недела. За Албанија, тоа ќе биде одржувањето на замавот на патот кон Европската унија. И, се разбира, за Косово, одлучувачкиот чекор е да продолжи да дејствува во согласност со меѓународното право и владеењето на правото, порача Кос од Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
