На денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, против апелацискиот судија Ѓоко Ристов прв сведочеше таткото на сопругата на Ристов, кој одговараше на прашања на одбраната во врска со купопродажба на стан во Скопје, во вредност од околу 140 илјади евра.
Според сведокот станот требало двете страни да го платат по пола, а тој на семејна средба им предал на родителите на судијата 70 илјади евра во банкноти од 500 и 200 евра.
Сведочеше и Емилио Фришчиќ, вешто лице од областа на испитување спорни документи, вештачење на ракописи и потписи, кој објасни дека анализирал пет документи, меѓу кои и три хартиени ливчиња со рачно испишани цифри, пронајдени во полиетиленски кесички, во три одделни снопа пари и рече дека спорните ракописи и цифри не се идентични со ракописот на обвинетиот, односно не биле напишани со неговата рака, туку од неговата мајка Донка Ристова.
