Дел од жителите на населбата Крњево денеска ќе останат без вода поради изведба на водоводен приклучок, информираат надлежните служби.
Прекинот во водоснабдувањето ќе започне од 9:00 часот и ќе ги опфати корисниците на улицата „Хусеин Бајрам“, како и улиците со броеви од 163 до 172 во населбата Крњево.
Причина за прекинот е изведба на водоводен приклучок со пречник Ф150 на улицата „Дана Стуцки“ бр. 18.
Од надлежните посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на работните активности, а граѓаните се повикуваат на трпение и разбирање додека трае интервенцијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
