Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Македонија гради нови 12 километри автопат, Николоски: Коридорот 8 добива целосна смисла
    Економија

    Македонија гради нови 12 километри автопат, Николоски: Коридорот 8 добива целосна смисла

    12/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонија официјално го започна проектот за изградба на новата автопатска делница Букојчани – Кичево, со која треба да се заокружи автопатското поврзување на западниот дел од државата и да се даде целосна функционалност на Коридорот 8.

    На поставувањето камен-темелник за новиот автопат, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека станува збор за шестиот голем инфраструктурен проект што го започнува актуелната Влада, оценувајќи дека оваа делница има стратешко значење за транспортното поврзување на земјата.

    „Поврзувањето од Кичево до Букојчани со автопатско решение ќе даде целосна смисла на Коридорот 8, што ќе значи целосна доизградба на коридорот и целосно автопатско поврзување на Скопје и Охрид“, изјави Николоски.

    Новата делница е долга околу 12 километри и треба да овозможи целосно автопатско поврзување преку западниот дел од државата, односно преку Тетово, Гостивар, Кичево и Струга.

    Според министерот за транспорт, изградбата започнува од местото каде што завршува постојниот автопат Охрид – Кичево, а трасата ќе продолжи кон Букојчани. Во исто време, на делницата Букојчани – Гостивар веќе се реализираат активности за изградба на автопатско решение.

    Проектот предвидува изградба на модерен автопат со две возни ленти во секој правец, со ширина од 3,5 метри, како и дополнителни помошни ленти од двете страни. Предвидената проектна брзина ќе биде од 110 до 130 километри на час.

    Николоски посочи дека станува збор за исклучително сложен градежен зафат поради планинскиот и тежок терен, но изрази уверување дека проектот ќе биде завршен во предвидениот рок од четири години.

    Финансирањето на изградбата е обезбедено преку заем од Европската банка за обнова и развој и грантови од Инвестициската рамка за Западен Балкан, додека надзорот го врши конзорциум предводен од Градежниот институт Македонија.

    Изградбата на делницата Букојчани – Кичево треба да биде еден од клучните чекори за подобрување на патната инфраструктура, побрзо поврзување на регионите и зајакнување на позицијата на Македонија како транспортна врска меѓу Коридорот 8 и Коридорот 10.

    Поврзани вести:

    Владата го продолжи намалениот ДДВ за дизелот до октомври 2026 година

    Владата го продолжи намалениот ДДВ за дизелот до октомври 2026 година

    Изградбата на автопатот Прилеп – Битола продолжува со засилено темпо, еден дел ќе биде во функција следната година

    Изградбата на автопатот Прилеп – Битола продолжува со засилено темпо, еден дел ќе биде во функција следната година

    Вакцините против грип доцнат поради глобален проблем во производството

    Вакцините против грип доцнат поради глобален проблем во производството

    УЈП предупредува: Не отворајте линкови од лажни СМС пораки испратени во име на институцијата

    УЈП предупредува: Не отворајте линкови од лажни СМС пораки испратени во име на институцијата

    Казни за откупувачи: Издадени 17 платни налози по инспекциски контроли

    Казни за откупувачи: Издадени 17 платни налози по инспекциски контроли

    Речиси 1,6 милијарди евра потрошени на игри на среќа во првата половина од годината

    Речиси 1,6 милијарди евра потрошени на игри на среќа во првата половина од годината

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Владата го продолжи намалениот ДДВ за дизелот до октомври 2026 година

    09/10/2026

    Изградбата на автопатот Прилеп – Битола продолжува со засилено темпо, еден дел ќе биде во функција следната година

    08/10/2026

    Вакцините против грип доцнат поради глобален проблем во производството

    06/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.